Германски инженер постави светски рекорд: 120 дена под вода без декомпресија

Сподели со своите пријатели

Германскиот аеронаутички инженер Рудигер Кох (59) постави светски рекорд за најдолго време поминато под вода без декомпресија – 120 дена, во капсула во близина на брегот на Панама, објави Гардијан.

Loading...

Кох вчера излезе од својата подводна капсула од 30 квадратни метри, во присуство на судијката за Гинис, Сузан Рејес, која потврди дека Кох го надминал претходниот рекорд кој го држеше Американецот Џозеф Дитурио, кој помина 100 дена во подводна капсула на Флорида.

„Тоа беше одлична авантура, а сега кога е готово. Уживав”, рекол Кох по излегувањето од капсулата која се наоѓала на 11 метри под површината на водата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсени двајца израелски резервисти, осомничени дека шпионирале за Иран

Капсулата на Кох била опремена со кревет, тоалет, телевизор, компјутер и интернет, па дури и велосипед за вежбање, пренесува Танјуг.

Капсулата се наоѓала на 15-минутно возење со брод од северниот брег на Панама.

Сончевите панели на површината му обезбедувале енергија, а имало и резервен генератор, додека тушот не бил поставен.

За време на неговото време под вода, Кох изјави дека се надева дека неговиот потфат ќе го промени начинот на кој луѓето размислуваат за човечкиот живот.

Четири камери го следеле неговиот секојдневен живот во капсулата, снимајќи ја неговата активност и ментално здравје, со што доказ дека никогаш не излегол на површина.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Латвија: Балтичкиот подморски кабел најверојатно е оштетен од надворешна сила