Милијардерот Илон Маск одлично се забавуваше на инаугурацијата на новостариот американски претседател, а еден негов потег крена голема прашина.
Маск во еден момент направи гестикулации со рацете кои многумина ги потсетија на озлогласениот нацистички поздрав…
Меѓу оние кои го осудија Маск беше и прогнозерката на телевизијата CBS, Сем Куфел.
Сепак, таа доби отказ по осудувачка објава на социјалните мрежи, пишува NY Post.
Куфел коментираше фотографија од Маск на подиумот во една објава:
„Човеку, нацистички поздрави двапати. ДВАпати. За време на инаугурацијата.“
Таа додаде: „Ти излегуваш со овој и со тој човек, јас не излегувам со тебе. Точка.“
Куфел потоа објави GIF од популарната ТВ серија „Секогаш е сончево во Филаделфија“ со натпис: „Е*и ја старата кучка. Тој е нацист“.
Додека некои го повикуваат Маск за изведбата на „Sieg Heil“, во негова одбрана излезе Анти-клеветата лига, организација која се бори против антисемитизмот.
– Ова е деликатен момент. Многумина се на работ. Изгледа дека Илон Маск извел незгоден гест во момент на ентузијазам, а не нацистички поздрав. Ова е нов почеток. Да се надеваме на исцелување и да работиме на единство во месеците и годините што доаѓаат – порачаа од АДЛ.