Шефот на европската дипломатија Каја Калас изјави денеска дека Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на Европската унија и дека единствениот начин да се реши ова е да се зголемат трошоците за одбрана.
„Русија претставува егзистенцијална закана за нашата безбедност, денес, утре и се додека недоволно инвестираме во нашата одбрана“, рече Калас на годишната конференција на Европската агенција за одбрана (ЕДА), пренесе Ројтерс.
Калас се согласи со изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека членките на ЕУ не трошат доволно за одбрана.
Трамп претходно овој месец рече дека членките на НАТО треба да потрошат пет отсто од бруто домашниот производ (БДП) за одбрана, што е значително зголемување од сегашната цел од два отсто, што ниту една земја на НАТО, вклучително и САД, во моментов не ја исполнува.
„Времето не е на страната на Русија, но не е нужно ниту на наша страна, бидејќи сè уште не правиме доволно. Нема сомнеж дека треба да трошиме повеќе за да спречиме војна“, заклучи Калас.