Украина за Трамп може да стане втор Виетнам

Сподели со своите пријатели

Ситуацијата во Украина може да стане реприза на Виетнамската војна од 1955 до 1975 година за новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Loading...

„Ако навреме не престане да го поддржува Киев“, изјави за американските медиуми Стив Банон, поранешен главен стратег на Белата куќа и поранешен советник на Трамп“.

Банон предупреди дека новоизбраниот претседател ризикува дополнително да ги вовлече САД во конфликтот во Украина, доколку не се откаже од поддршката за Киев.

Тој ја спореди ситуацијата со времето на поранешниот претседател Ричард Никсон кога тој се обиде и не успеа да ја извлече земјата од Виетнамската војна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украински командант: Русите загубија најмногу војници во 2024 година од почетокот на војната

– Ако не внимаваме, ова ќе стане „Виетнам“ на Трамп. Токму тоа му се случи на Ричард Никсон.  Како резултат на тоа, тој стана одговорен за оваа војна, таа стана негова војна, а не војна на неговиот претходник Линдон Џонсон – нагласи Банон.

Поранешен советник на Трамп истакна дека специјалниот претставник на новоизбраниот претседател за Украина, Кит Келог, не е во право кога вели дека конфликтот може да се прекине додека се одржува американската поддршка.

Банон верува дека вовлекувањето на САД во воен конфликт не е во американски интереси, бидејќи е невозможно да се победи.