ОН: Најмалку 630 камиони со помош влегоа во Газа за време на првиот ден од прекинот на огнот

Сподели со своите пријатели

Најмалку 630 камиони со помош влегоа во Појасот Газа на првиот ден од прекинот на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, изјави потсекретарот на Обединетите нации за хуманитарни прашања Том Флечер.

Loading...

Тој рече дека од нив, најмалку 300 камиони отишле во северниот дел на Појасот Газа.

„По 15 месеци интензивна војна, хуманитарните потреби се огромни… Безбедноста на сите цивили, вклучително и хуманитарните работници, останува наш главен приоритет“, рече Флечер, пренесе Си-Ен-Ен.

Тој ги повика земјите кои имаат влијание врз Израел и Хамас да се погрижат хуманитарната помош за Појасот Газа да стигне до оние на кои им е најпотребна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се огласи портпаролот на Хамас: „Ова е историска битка за Палестинците“

Обединетите нации во неделата соопштија дека илјадници камиони, со храна и брашно, се подготвени да влезат во Појасот Газа.

Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) соопшти дека договорот за прекин на огнот во Појасот Газа предвидува повеќе камиони да доставуваат помош до палестинската енклава.

УНРВА на платформата Х наведува дека 4.000 камиони се подготвени да влезат во Газа, од кои половина доставуваат храна и брашно.

Шефот на УНРВА, Филип Лазарини изјави дека бројот на напади врз хуманитарните конвои во Појасот Газа може да се намали откако вчера стапи на сила прекинот на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проблем со примирјето: Хамас тврди дека Израел не ослободил едно лице од списокот