Киев: Русија за 24 часа изврши 319 напади на регионот Запорожје

Сподели со своите пријатели

Руските сили во изминатите 24 часа извршиле 319 напади врз 11 градови и села во областа Запорожје во Украина, изјави началникот на регионот Запорожје, Иван Федоров.

Loading...

Тој на Телеграм напиша дека 155 руски беспилотни летала биле лансирани во регионот Запорожје, објави Укринформ. Во нападите нема повредени, но оштетени се станбени згради и инфраструктура.

Украинската воздушна одбрана соопшти дека во текот на ноќта соборила 93 руски беспилотни летала, пренесува Танјуг.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили во текот на ноќта собориле 31 украински беспилотно летало над руска територија, пренесе РИА Новости.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што мислат Русите за Трамп и зошто се сомневаат дека ќе стави крај на војната во Украина?