Иранскиот лидер пристигнува во Москва, ќе се сретне со Путин

Сподели со своите пријатели

Иранскиот претседател Масуд Пезизијан денеска пристигна во Москва на преговори со рускиот претседател Владимир Путин за стратешкото партнерство меѓу двете земји, јави Танјуг.

Loading...

Иранскиот претседател на аеродромот Внуково го пречекаа министерот за енергетика Сергеј Цивилев, заменик министерот за надворешни работи Андреј Руденко и шефот на Одделот за државен протокол Игор Богдашев, пренесува РИА Новости.

Путин и Пезешкијан треба да го потпишат Договорот за сеопфатно стратешко партнерство, кој треба да го замени сегашниот документ со кој се регулираат основите на односите и принципите на соработка меѓу Иран и Русија, потпишан во Москва во 2001 година, пренесува руската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан: Време е да се укинат санкциите на Европската унија против Русија