Фон дер Лајен сè уште не добила покана за инаугурацијата на Трамп

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен сè уште нема добиено покана за инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на 20 јануари, изјави вчера нејзината портпаролка Пола Пињо.

Loading...

– Ако добие покана, ќе видиме, но во моментов нема планови (да присуствува на инаугурацијата) – изјави Пињо.

Блумберг претходно објави дека Фон дер Лајен се обидува да договори средба со Трамп пред инаугурацијата, а претставниците на ЕУ и помошниците на Трамп веќе воделе преговори, но се уште не е познато дали посетата може да се организира до 20 јануари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД ја зголемија наградата за апсењето на Мадуро

Странските лидери традиционално не присуствуваат на инаугурацијата на американските претседатели од безбедносни причини, но на церемонијата ги претставуваат највисоките функционери, пренесува Ројтерс.

Поканите, меѓу другите, ги примија и кинескиот претседател Си Џинпинг, поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и италијанскиот премиер Џорџа Мелони, пренесе Ројтерс.

Според извештаите, Си нема да присуствува на инаугурацијата на Трамп, но ќе испрати претставник на највисоко ниво.