Украина и Словачка на работ на конфликт за гасот, Фицо му се заканува на Киев со мерки

Сподели со своите пријатели

По прекинот на испораките на руски гас преку украинскиот гасовод, односите меѓу Словачка и Украина стануваат се позатегнати.

Loading...

Премиерот на Словачка најавува мерки против Украина доколку не се реши проблемот со транзитот на гас.

Суспендирањето на транзитот на гас преку Украина поради поскапувањата веќе ја чинеше Словачка 500 милиони евра, плус милијарда транзитни такси.

Затоа премиерот Роберт Фицо и ги откри на Европската комисија реципрочните мерки кои Братислава ги подготвува за Киев.

„Можеме да ја запреме сета хуманитарна помош, дури и онаа неодамна одобрена од словачката влада. Можеме значително да ги намалиме, па дури и да ги елиминираме различните поволности што им ги даваме на граѓаните на Украина што ги започнавме на почетокот на војната. Втората мерка се однесува на снабдување со електрична енергија на Украина. Словачка е единствената земја способна да испорача електрична енергија во Украина во рок од 30 минути во итни ситуации“, рече Фицо.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  13 лица загинаа во руски напад на Запорожје

Остро реагираше украинската амбасада во Братислава

Украинската амбасада го изразува својот протест против намерите на словачката влада и уште еднаш апелира на воздржување од контакти со Русија, бидејќи таквите акции придонесуваат за легитимирање на руската агресија врз Украина.

„Молкот на словачките функционери, кои никогаш отворено и јавно не ги осудија бруталните злосторства на Руската Федерација, е изненадувачки“, наведуваат од Словачката амбасада во Украина.

Москва тврди дека има и други земји во Европа кои се заинтересирани да купат поевтин руски гас.

Loading...

„Оваа ситуација ја користат САД, кои значително го зголемија снабдувањето со течен природен гас по повисоки цени, што им создава проблеми на граѓаните на европските земји“, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Оваа елитна единица е клучна за одбраната на Украина: Гледаме толку многу трупови...

Откако беше прекинат транзитот низ Украина, Словачка увезува руски гас од Унгарија, каде што пристигнува преку Турски тек, а тоа се ограничени и краткорочни испораки.