Детска претстава и концерт на Дарко Тодоровски утре во Занаетчискиот дом

Сподели со своите пријатели

Во Занаетчискиот дом во Куманово утре започнува дводневната предновогодишна забава која ја организира Општина Куманово.

Loading...

Со почеток во 11 часот програмата ќе започне со новогодишната претстава за деца „Ех да може во зима, сладолед да има”.

Како што информираат од Фондацијата за култура и спорт, кои се организатори на настанот, претставата е наменета за деца на возраст од 2 до 9 години.

Забавата продолжува во текот на вечерта и за повозрасната публика со концерт на оперскиот пејач Дарко Тодоровски во 20 часот.

Влезот за сите заинтересирани е слободен.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки