Најмалку три лица се ранети денеска во голем руски ракетен напад врз Харков, на североистокот на Украина, изјави градоначалникот Игор Терехов.
Украинските воздухопловни сили објавија дека Харков бил нападнат со балистички проектили, а локалниот гувернер Олег Синегубов во објава на Телеграм рече дека во нападот била оштетена „цивилна нестанбена инфраструктура“.
Министерот за енергетика на Украина Херман Галушченко изјави дека Русија „масовно го напаѓа енергетскиот сектор“, поради што е ограничено снабдувањето со електрична енергија, пренесува Ројтерс.
Русија ги интензивираше нападите врз енергетскиот сектор на Украина од пролетта и оштети речиси половина од производствениот капацитет на Украина, често предизвикувајќи повеќечасовни прекини на струја низ целата земја.