Во Сирија избија протести поради палењето на новогодишна елка во градот Сукејлабија, во близина на Хама.
На снимката објавена вчера на социјалните мрежи се гледаат маскирани вооружени мажи како палат елка на главниот плоштад на претежно христијанската Сукајлабија, јавува Би-Би-Си.
Earlier today, armed extremists set fire to a Christmas tree in Suqaylabiyah in Hama, Syria. Local channels say they were Uzbek militants.
HTS apologized for the incident and promised to deal with any future threats, but many Christians do not believe this will happen. pic.twitter.com/1Op98CUmTB
— The Cradle (@TheCradleMedia) December 23, 2024
Главната исламистичка фракција и огранок на Ал Каеда, Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), која го предводеше соборувањето на претседателот Башар ал-Асад, рече дека луѓето одговорни за подметнувањето пожар се странски борци од Узбекистан кои биле уапсени и дека дрвото брзо би се поправало.
Илјадници демонстранти излегоа на улиците низ земјата, барајќи новите исламистички владетели да ги заштитат верските малцинства.
Во населбата Баб Тума во Дамаск, демонстрантите носеа крст и сириски знамиња, извикувајќи „ќе ги жртвуваме нашите души за нашиот крст“.
Damascus, Syria: Protests spread to Sahnaya where people rally in support of Christians of Suqaylabiyah and against anti-Christian attacks.
Roum & Druze flags are visible. https://t.co/WXpOZ3856U pic.twitter.com/o7mCfk5lRU— OstensibleOyster (@Ostensiblay) December 23, 2024
„Ако не ни се дозволи да живееме со нашата христијанска вера во нашата земја, како порано, тогаш веќе не припаѓаме овде“, изјави демонстрант по име Џорџ за АФП.
Едно видео од Сахнаја, јужно предградие на Дамаск, покажува поворка од христијани на пикап камиони, вооружени со автоматски пушки, носејќи знамиња на рум (грчко православни) и друзи.
Сирија е дом на многу етнички и религиозни групи, вклучувајќи Курди, Ерменци, Асирци, христијани, Друзи, шиитски алавити и арапски сунити, од кои вторите сочинуваат мнозинство од муслиманското население.
🇸🇾Nabil Al-Abdallah, chef des combattants chrétiens de Suqaylabiyah affiliés aux Forces de défense nationale syriennes.
Ses combattants affrontent actuellement les terroristes de HTS dans la campagne du nord de Hama. pic.twitter.com/AvzU2EZdvu
— 🏴☠️ (@IIFBS_) December 5, 2024