Експлозија во фабрика во Турција, најмалку 12 лица загинаа

Сподели со своите пријатели

Најмалку 12 лица загинаа, а тројца се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во турската провинција Баликешир, изјави гувернерот на провинцијата Исмаил Устаоглу.

Loading...

Устаоглу изјави дека повредените се во добра состојба и дека точно се утврдува колку луѓе имало во фабриката во моментот на експлозијата.

Тој изјави дека е исклучена можноста за саботажа и дека дел од фабриката е урнат, јави Анадолија.

Устаоглу рече дека во фабриката веднаш биле испратени екипи за итна помош и противпожарна заштита.

Експлозијата се случила во делот на фабриката за производство на капсули од непозната причина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британија: Над половина милион стари луѓе нема да разговараат со никого на Божиќ