Во новиот уравен одбор на Сојузот на спортски федерации на Македонија ќе членуваат две лица од Куманово Бошко Тасиќ и Филип Колевски.
Денеска во Скопје се одржа редовно годишно Изборно Собрание на Сојузот на спортски федерации каде што после редовните точки од дневниот ред се одржа и избор на нов претседател.
За нов претседател е изберен Мартин Клинчаров, кој потоа го предложи новиот Управен одбор кој едногласно беше избран.
Во новиот Управен одбор има два члена од Куманово, Бошко Тасиќ и Филип Колевски.
Бошко Тасиќ, секретар на Боксерската федерација на Македонија, инаку познат како долгогодишен спортски новинар со големо меѓународно искуство, а Филип Колевски покрај тоа што е долгогодишен атлетски тренер е и претседател на Општинскиот сојуз на спортови на Куманово и потпретседател на Атлетската федерација на Македонија.
Инаку на место на Клинчаров досега претседател беше Наташа Илиевска Јордановска, која на новиот претседател му посака успешна работа.