Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски ги осуди настаните од ноќеска во Куманово кога беа запалени три автомобили и деловен објект.
Loading...
– Најостро ги осудувам немилите настани што се случија ноќеска во центарот на Куманово – опожарување на деловен објект и автомобили. Ги повикувам надлежните инстититуции професионално и навремено да ги дознаат сторителите и да се изречат соодветни казни. Ваквите дејствија не треба да дозволиме да се случуваат никаде во државата, напиша Димитриевски.
Инаку утринава три автомобили и деловен објект, сопственост на функционери на ДУИ беа опожарени во раните утрински часови.
Никола Ивановски