Абас назначи привремен наследник во случај на смрт или оставка

Сподели со своите пријатели

Палестинскиот претседател Махмуд Абас именуваше привремен наследник кој ќе ја преземе функцијата во случај на негова смрт или оставка.

Loading...

Претседателот на палестинското национално собрание Рави Фатух ќе биде привремен претседател најмногу 90 дена, до одржувањето на претседателските избори, објави Ројтерс.

Фатух, кој има 75 години и веќе беше привремен лидер во 2004 година по смртта на поранешниот палестински претседател Јасер Арафат, нема да биде назначен за заменик претседател.

Абас беше избран за четиригодишен мандат во 2005 година, но оттогаш не се одржани претседателски избори, а анкетата спроведена во септември покажа дека 89 отсто од Палестинците на Западниот Брег сакаат тој да поднесе оставка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел ги блокираше обидите на ОН да достави помош во северниот дел на Газа