Син на хрватски пејач брутално убиен на сред улица во Еквадор

Сподели со своите пријатели

Во Еквадор во вторникот во центарот на градот Манта е убиен хрватскиот државјанин Томислав Зеленчиќ (48), син на хрватскиот пејач Инослав Ино Зеленчиќ.

Loading...

Томислав живеел во Манта неколку години, а бил убиен во близина на неговиот дом.

Локалните медиуми јавуваат дека во него пукале луѓе кои возеле мотор и дека бил застрелан четири пати.

Тој не починал на местото на злосторството, туку во блискиот здравствен дом само неколку минути откако пристигнал таму.

На местото на злосторството пристигнале агенти на Националната агенција за истраги на криминал за да соберат докази и да започнат истрага. Засега не е познат мотивот за вооружениот напад и никој не е уапсен за убиството.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа

Еквадорските медиуми објавија дека Зеленчиќ поднел пријава за грабеж во 2016 година, која била решена со помирување.

Според Дневник, Зеленчиќ е син на задарскиот пејач Инослав Ино Зеленчиќ, основач на групата Задар експрес.

Минатата година Еквадор беше обземен од бран насилство организиран од криминални групи.

Loading...

Особено опасно беше во градот Манти, поради што властите во јуни таму преместија дел од вооружените сили.

Во округот каде што беше убиен годинава се забележани 292 убиства.