Нови напади во Газа: 15 мртви, меѓу кои и синови на поранешниот портпарол на Хамас

Сподели со своите пријатели

Најмалку 15 лица, меѓу кои и синови на поранешен портпарол на Хамас, загинаа во воздушни напади ширум Појасот Газа утринава, соопштија здравствените власти во Газа.

Loading...

Според медицинскиот персонал, осум Палестинци биле убиени во нападот на училиштето Ал-Табеаен во Газа, кое служело како засолниште за раселените семејства, пренесува Ројтерс.

Меѓу загинатите се и двајцата синови на поранешниот портпарол на Хамас, Фавзи Бархум.

На друго место во Газа, четири лица беа убиени во напад на населбата Шејаја, додека три лица беа убиени во воздушен напад врз Беит Лахиа, на север од енклавата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран и Египет го поздравија примирјето меѓу Израел и Хезболах, а се огласија и Хутите

Во меѓувреме, прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах стапи на сила утрово, откако двете страни го прифатија договорот постигнат со посредство на САД и Франција.

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави вчера дека неговата администрација работи на постигнување прекин на огнот во Газа, со можност за нормализирање на односите меѓу Саудиска Арабија и Израел.