Фестивал на планински филм „ЕХО“ ќе се одржи утревечер во Занаетчискиот дом во Куманово со почеток во 19 часот.
Настанот е во организација на „ЕХО“ и Здружението на планинари и заштита на планината (ЗПЗП) Козјак 2013 од Куманово.
Програмата на фестивалот поделена во два блока.
Во првиот блок кој ќе започне во 19 часот, ќе се емитуваар филмовите „Тивок Сведок“ на Димитар Тодоровски од Македонија, по што ќе следува „Патување на животoт“ на Жером Танон од Франција и „Горе на врвот“ од Џовани Гроси, Италија.
Вториот блок од фестивалската вечер ќе започне во 20:55 часот при што ќе се емитуваат филмовите „Последните набљудувачи “ на Маја Карслон од Шведска, „Експедицијата на Етвеш“ на Бенце Катаи од Унгарија и „Тивкото бегство“ од Освалд Родриго Переира, Полска.
Влезот за сите заинтересирани е слободен.
Никола Ивановски