Застрашувачка статистика: Само во 2023 година, на секои десет минути е убивана една жена

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 85.000 жени биле убиени во светот минатата година, а 60 отсто од фемицидите биле извршени од партнери или членови на семејството на жртвите, покажа истражувањето на UN Women и UNODC по повод Меѓународниот ден против насилството врз жените.

Loading...

Извештајот за фемицид 2023 покажа дека 140 жени и девојки умираат секој ден од рацете на нивниот партнер или близок роднина, што значи дека на секои 10 минути маж убива жена или девојка.

Африка забележа највисока стапка на фемицид од страна на партнерите и семејството во 2023 година, следена од Америка, а потоа и Океанија, според веб-страницата на UN Women.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Блискиот исток, Украина и Трамп на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7

Во Европа и Америка, повеќето жени се убиени од нивните партнери, додека остатокот од фемицидите се извршени од членови на семејството.

Таа ги повика светските лидери да се обединат во борбата против насилството врз жените и да ги вложат потребните ресурси за тие цели.

Гада Вали, извршен директор на УНОДЦ, рече дека овој извештај ја нагласува потребата од силни казнено-правни системи кои ќе ги држат сторителите на одговорност, истовремено обезбедувајќи соодветна поддршка за жените кои преживеале, вклучувајќи пристап до безбедни и транспарентни механизми за пријавување насилство.

Глобална кампања против насилството врз жените „16 дена активизам“ на социјалните мрежи за да се проговори против родово базираното насилство беше започната со користење на #No Excuse и #16Days.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бројот на жителите на Ирак се зголеми на 45,4 милиони