Вклучете ја оваа супер храна во вашата исхрана и намалете го ризикот од срцев удар

Сподели со своите пријатели

Срцевиот удар се јавува кога најважниот мускул во организмот е недоволно снабден со кислород и крв. Блокадата најчесто е предизвикана од создавање маснотии, холестерол и други супстанции што создаваат плаки во артериите кои го негуваат срцето. Овој штетен процес се нарекува корорнарна срцева болест и е водечка причина за срцев удар.

Loading...

За среќа, оваа болест може да се спречи со здрав начин на живот. Изборот на здрава храна игра клучна улога во спречувањето на кардиоваскуларните проблеми и сè повеќе докази се во прилог на диета базирана на растително потекло.

Студијата објавена во списанието на Американското здружение за срце укажа на неколку придобивки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мажите кои често конзумираат пиво имаат подобра ерекција

Истражувачите ги набудувале навиките за јадење кај повеќе од 10,000 средовечни американски возрасни лица кои јадат претежно или само со растенија и откриле дека 16 проценти имаат помал ризик од кардиоваскуларни заболувања како што се срцев удар или срцева слабост, 32 проценти имаат помал ризик од смртни случаи како резултат на кардиоваскуларни заболувања и 25% помал ризик од умирање од која било причина во споредба со оние кои јадат помалку храна од растително потекло.

Затоа, тие решија да навлезат во деталите за диетата уште повеќе, и дојдоа до заклучок дека една храна е особено важна. Тоа е тофу.

Јадењето тофу и друга храна врз основа на соја вклучува високи нивоа на изофлавони и го намалува ризикот од срцеви заболувања, студија спроведена од школата за јавно здравје на Харвард Т.Х. Чан

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ослободете се лесно од главоболка со помош на овие намирници

Изофлавоните се дел од групата на растителни соединенија наречени фитоестрогени.

Оваа студија, предводена од професорот за исхрана Чи Сон, ги анализира податоците на повеќе од 200.000 учесници во постојните здравствени студии.

Loading...

Било откриено дека оние кои јаделе тофу повеќе од еднаш неделно го намалуваат ризикот од срцеви заболувања за 18 проценти.

Намалениот ризик е најизразен кај млади и жени во пост-менопаузен период кои не земале хормони.

„Мислам дека тофу во никој случај не е волшебна храна, но секако е здрава и треба да биде вклучена во диетата“, рече професорот Сон.

Покрај јадењето здраво, вежбањето исто така ќе го намали ризикот од срцеви заболувања затоа што комбинацијата од овие две работи е најдобриот начин за одржување на телесна тежина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Психолошки трикови кои ќе ви помогнат да се смирите во случај на паника