Лоша вест за сите љубители на слатките е дека тим на американски научници откриле дека редовното земање на слатки бисквити за смирување на стресот, всушност може да нè доведе до сериозна депресија.
Многумина од нас несвесно посегнуваат кон бисквитите и колачите кога се чувствуваат нервозни, напнати или несреќни.
Главната причина за негативниот ефект којшто го имаат се трансмастите со кои се преполни.
Заситените трансмасти го менуваат начинот на кој ги регулираме и контролираме емоциите.
Во истражувањето, посветено на влијанието на трансмасти врз човечката физика, учествувале над 5.000 доброволци од Сан Диего. Тестовите покажале дека луѓето кои јадат повеќе храна богата со незаситени трансмасти, имаат проблем со контролата на чувствата и емоциите.
Од друга страна намалувањето на внесот на трансмастите во организмот доведува до значително подобрување во психичката стабилност и самоконтролата на емоционалната состојба.
Несомнено истражувањето на американските научници ги докажува врските меѓу преземањето на штетните масти и човечките емоции, но сепак врската не е темелно истражена и не дава јасен одговор за суштината на врската.
Трансмастите се користат за пржење, но најмногу кај производството на преработена храна, бидејќи тие на кондиторските производи им дава густина и маса, за релативно ниска цена, поради што се доста најпосакувани и се користат од производителите.