Куманово доби сувенирница (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Куманово од денеска ќе има сувенирница, место каде граѓаните, но и туристите ќе можат да купат специфични производи поврзани со градот.

Loading...

 

 

Сувенирницата има голем број производи од локални занаетчии и се наоѓа во Занаетчискиот дом, објект кој го изградиле токму занаетчиите.

Претседателот на Занаетчиската комора Агрон Фазлиу вели дека ова е само еден чекор кој треба да биде мотивација вакви објекти да се отворат низ целата држава.

– Успеавме со градоначалникот Максим Димитриевски да го реализираме тоа, мислам дека секое наше барање влијаеше и во националните институции, затоа гордо стојам пред вас и ова е наш пример како што беа субвенционирањето на старите занаети ќе го прикажеме на национално ниво и ќе отвараме во секој град со занаетчиските регионални комори, вакви сувенирници. На нас ни е потребно да ја чуваме културата и традицијата затоа што старите занаети не само што покажуваат одредена култура и традиција, туку ни го чуваат и индентитетот, изјави Фазлиу.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски иницираше вонредна седница на Советот за помош на Нови Сад

 

Loading...

 

Градоначалникот Максим Димитриевски истакна дека општината ќе продолжи да дава финансиска поддршка со цел зачувување на занаетите во градот.

– Дававме финансиска помош и ќе продолжиме да ја даваме, можеби таа е симболична, но многу значи и со оваа денешно отварање на првата сувенирница во градот ќе се задржи традицијата и културата, но и граѓаните и гостите во Куманово ќе имаат каде да купат автентичен производ и сувенир во нашиот град и со тоа и нашата култура и традиција да се шири пошироко од вие простори, изјави тој.

 

 

Градоначалникот вели дека преку ЗЕЛС е иницира дискусија за измена на законските регулативи со цел да се одвојува повеќе помош за занаетчиите.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Утринските температури околу нула

– Сметаме дека тие се основната нишка и развој на стопанството во државата. Современата индустријализација води во друга насока, но сепак без занаетчиството не би постоела истата и уште еднаш посакувам среќа и успех на оваа локација, Занаетчиски дом Куманово.  Нашите занаетчии ќе добијат нова сувенирница таму кај што им е место, бидејќи овој објект иако е сопственост на Општина Куманово е изграден на иницијатива и финансиска поддршка на занаетчиите за нашата општина, додаде тој.

 

 

На настанот присуствуваше и заменик министерот за економија Марјан Ристески, вели дека овие занаети значат многу за градовите и општините, но и за развојот на туризмот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Низа спортски настани по повод Денот на ослободувањето на Куманово

– Оваа година имаме издвоено 6 и пол милиони денари за помош на занаетите и занаетчиите во Македонија и поддршка од 130 илјади евра на занаетчиските комори, на разни невладини организации, се она што е поврзано со промоција на занаетите, малите и средни претпријатија. Оваа поддршка ќе продолжи и понатаму, имаме многу дефицитарни кадри, во соработка иа со МОН да продуцираме и едуцираме што повеќе од овие дефицитарни кадри за да можеме не само да опстојат занаетите, туку се и еден од важните фактори за развојот на економијата на Македонија, изјави земеник министерот.

 

Loading...

 

Инаку освен отворањето на сувенирницата, денеска во Куманово беше отворен и саем на мало стопанство на кој учествуваа повеќе компании и занаетчии од градот.

 

 

Loading...

 

 

Никола Ивановски