Малолетник и 30-годишник се тепале на плоштадот во Куманово

Сподели со своите пријатели

Малолетник и триесетгодишник го нарушиле јавниот ред и мир вчера по физичка пресметка на градскиот плоштад во Куманово.

Loading...

– На 28.10.2024 во 13.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го привеле З.А. (30) од Куманово затоа што на плоштад „Нова Југославија“ во Куманово го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со малолетно лице, информираат од Секторот за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, како што додаваат од полицијата, против него ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температурите во пораст, за викенд дожд и снег