77-годишна жена загина, откако во неа удрило „сузуки“ во Горно Којнаре

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и седумгодишна жена од Липково почина на скопските клиники откако се здобила со тешки повреди кога во неа удрило „сузуки“.

Loading...

– На 24.10.2024 во 16.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат кон с.Горно Којнаре, кумановско, патничко возило „сузуки“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.П.(21) од с.Горно Којнаре, удрило во С.Ѓ.(77) од с.Матејче, липковско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобила С.Ѓ. констатирани во Општата болница Куманово, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починала.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири лица повредени во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Со телесни повреди се здобила С.П.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски