Путин во Казан ќе има билатерални средби со Гутереш и Абас

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја продолжи серијата билатерални средби на последниот ден од самитот на БРИКС во Казан, а меѓу другото планирани се средби и со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Loading...

По прес-конференцијата планирана за денеска, Путин ќе се сретне и со претседателите на Лаос Тонглон Сисулит, Мавританија Мохамед ал Газуани, Боливија Луис Арсе и виетнамскиот премиер Пам Мин Трин, пренесе Интерфакс.

Помошникот на претседателот на Руската Федерација, Јуриј Ушков, изјави дека можно е Путин да се сретне и со други присутни претставници, особено со претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Русија нападната со 100 дронови, 90 ракети и касетни бомби

Прес-службата на шефот на руската држава претходно објави дека за време на разговорот на Путин со Абас „се очекува размена на мислења за можните мерки за брз прекин на крвопролевањето во Појасот Газа и продолжување на мировниот процес за решавање на Конфликтот на Блискиот Исток“.

Прес-службата потсети дека руската позиција за блискоисточното решение „предвидува политичко и дипломатско решение на долгорочниот конфликт, во чии рамки треба да се создаде независна палестинска држава, која ќе коегзистира во мир и безбедност со Израел“.

Во пресрет на разговорите меѓу Путин и Гутереш, прес-службата истакна дека Русија е една од основачите на ОН, членка на ОН и постојана членка на Советот за безбедност на ОН.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Неодговорни изјави за ескалација од оние кои не ни помирисале барут

Русија постојано се залага за зајакнување на водечката улога на организацијата во светските прашања во согласност со принципите на владеењето на меѓународното право, суверена еднаквост на државите, воздржување од употреба на сила, недозволивоста на искривување на историјата и ревидирање на исходот од Втората Светска војна, се заклучува во соопштението на прес-службата, пренесува Танјуг.