На игралиштето на спортскиот комплекс Соколана во Куманово вечерва ќе се одржи традиционалниот фестивал „Гитаријада“.
Loading...
Во 20:00 часот фестивалот ќе имаат чест да го отвори кумановскиот гитарист Санди, по што ќе настапат бендовите „Леб и сол“ и Паркети.
Манифестацијата, која е во рамките на чествувањето на празникот „11 Октомври“, е во организација на Фондацијата за култура и спорт при општина Куманово, а влезот за сите граѓани е слободен.
Никола Ивановски