Би-Би-Си го откажа интервјуто со Борис Џонсон откако по грешка му биле испратени белешки

Сподели со своите пријатели

Би-би-си го откажа интервјуто со поранешниот британски премиер Борис Џонсон, откако водителката Лора Кунсберг по грешка ги испратила своите белешки наменети за нејзиниот тим.

Loading...

Како што објави „Гардијан“, Кунсберг рече дека по грешка му ги испратила белешките на Џонсон „во порака наменета за нејзиниот тим“.

Поранешниот политички уредник на Би-Би-Си рече дека тоа е „срамно и разочарувачко“.

Интервјуто требаше да се емитува денеска во 19.30 часот на BBC One и беше наведено како прво големо интервју на Џонсон откако ја напушти премиерската функција.

Се очекуваше Џонсон да зборува за Брегзит, за справувањето на неговата влада со пандемијата „Ковид-19“ и за скандалот што лидерите на неговата партија организираа забави за време на забраната за собири што важеше за сите граѓани за време на пандемијата, пренесува Танјуг.

Џонсон, кој беше премиер на Велика Британија од 2019 до 2022 година, напиша мемоари „Freed“, кои ќе бидат објавени следната недела.

Портпаролот на Би-Би-Си рече дека ненамерниот потег го направил интервјуто „неодржливо“ и дека и тимот на Би-би-си и Џонсон се согласиле да го откажат.

Портпаролот на Борис Џонсон одби да го коментира настанот.

Loading...