Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

Сподели со своите пријатели

Тим од 60 медицински експерти во Анкара успешно одвои 11-месечни сијамски близначки од Пакистан по сложена операција во две фази која траела околу 14 часа.

Loading...

Близнаците Мирха и Минал се родени со споени глави, но овој вид медицински третман не е достапен во Пакистан, јави денеска Анадолија.

Познатиот педијатриски неврохирург од Лондон, Овасе Џилани стапил во контакт со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој му понудил операциите да ги изврши во таа земја.

Близнаците пристигнаа во Анкара во мај и беа ставени под строг лекарски надзор во градската болница Билкент.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Циклон бомба“ го погоди западниот брег на САД

Разделбата беше извршена во две фази, а хируршкиот тим го предводеше Џилани заедно со турските лекари Харун Демирџи и Хасан Мурат Ергани.

Последната операција од 14 часа беше извршена на 19 јули, при што близнаците успешно се разделија.

„За да спречиме недостаток на ткиво по одвојувањето, прво извршивме операција за проширување на ткивото со балон. Во нивните глави ставивме материјал кој постепено се прошири, зголемувајќи го ткивото за околу два месеци“, рече Џилани.

Демирџи, педијатриски неврохирург, вели дека на бебињата им било тешко по разделбата.

Loading...

„Им беше непријатно, па ги држевме заедно во иста соба и кревет некое време. На крајот се адаптираа и нивното здравје сега е многу добро. Очекуваме да ги ослободиме за две до три недели и ќе го следиме развојот на нивниот мозок и коски на секои три месеци“, рече тој, пренесе Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефот на семејна банда се кандидираше на изборите во Ирска

И турскиот министер за здравство Кемал Мемишоглу неодамна ги посети близнаците за да ја провери нивната здравствена состојба и да им пренесе добри желби на нивното семејство.