Либан: Две деца меѓу 12 загинати како резултат на експлозиите на пејџери

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати во експлозијата на пејџер во Либан се искачи на 12, меѓу кои и две деца, изјави денеска либанскиот министер за здравство Фирас Абијад, а пренесе Ројтерс.

Loading...

Околу 3.000 луѓе, меѓу кои и цивили, се пријавени дека се повредени во бранот експлозии што вчера го погодија Либан.

Иако нема официјално преземање на одговорноста, нападот, кој се чини дека главно биле насочени кон оперативците на Хезболах, нашироко му се припишува на Израел.

Либанскиот министер за информации, Зиад Макари, рече дека земјата се подготвува да поднесе жалба до Советот за безбедност на ОН поради инцидентот, кој тој го нарече „еклатантен напад врз либанскиот суверенитет, чија цел биле цивили, а не само членови на Хезболах“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел изврши воздушни напади врз јужен Либан

Либан денеска доби медицинска помош од Иран, Ирак и Јордан, а египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси рече дека неговата земја ги осудува сите обиди за ескалација во регионот, нудејќи му поддршка на Либан.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор му пренесе пораки со поддршка на либанскиот премиер Наџиб Микати.

Агенцијата Анадолу објави дека Ердоган му рекол на Микати дека обидите на Израел да го прошири конфликтот во Газа во поширокиот регион се опасни и дека напорите да се запре Израел ќе продолжат.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека нападот е „намерно“ дизајниран да „провоцира голема војна на Блискиот Исток“, а портпаролката Марија Захарова го опиша како „уште еден чин на хибридна војна против Либан што им наштети на илјадници невини луѓе“ и повика за истрага.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел го претвори пејџерот во современ тројански коњ

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, го опиша нападот како „терористичка операција… [која] е спротивна на сите морални и човечки принципи, меѓународното право, особено меѓународното хуманитарно право, и бара меѓународно гонење, судење и казнување“.