Над 5.000 пожарникари се борат со пожари низ Португалија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 5.000 пожарникари се ангажирани во гаснењето на пожарите во Португалија, кои, како што рече премиерот Луис Монтенегро, „беснеат низ целата земја“.

Loading...

Досега најмалку две лица загинаа во пожарите, јавуваат локалните медиуми, а пренесува Би-би-си.

Болниците во подрачјата зафатени од пожарите ги примија повредените со изгореници и отежнато дишење.

Температурите во Португалија за време на викендот надминаа 30 степени целзиусови, а се очекува да останат високи и во наредните денови.

Полицијата ги затвори автопатите, вклучувајќи го и главниот пат меѓу Лисабон и Порто, а најмалку 12 пожарникари се повредени, од кои двајца потешко.

 

 

Loading...

ЕУ ќе испрати осум противпожарни авиони во Португалија за да ѝ помогнат на земјата да се справи со пожарите.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ги повика другите земји-членки да испратат помош.

Португалија веќе има 30 противпожарни авиони, а ангажирани се повеќе од 1.500 противпожарни возила.

Неколку пожари кои избувнаа во регионот Авеира за време на викендот принудија околу 70 жители да се евакуираат, според цивилната заштита.