Во пожар во училиште во Кенија загинаа најмалку 17 ученици

Сподели со своите пријатели

Бројот на ученици кои загинаа во пожар во училиште во централна Кенија се искачи на 17, а 14 лица се повредени, изјави денеска портпаролката на полицијата.

Loading...

Дополнителни спасувачки тимови се на пат кон Академијата Ендараша на ридот во Ниери, изјави портпаролката Ресила Онианго во емисијата на кениското радио Hot 96 FM.

Се очекува властите подоцна да објават детален извештај за несреќата, јавува Ројтерс.

„Во пожарот загубивме 17 ученици, додека 14 се повредени. Нашите екипи се на теренот“, изјави Онианго за Ројтерс.

Локалната граѓанска телевизија објави дека телата на учениците биле изгорени до непрепознатливост.

Кениските власти претходно објавија дека во пожарот загинале 16 студенти.