Путин: Русија никогаш не одбила да преговара со Украина

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за преговори со Киев врз основа на заклучоците од разговорите во 2022 година во Истанбул.

Loading...

„Дали сме подготвени да преговараме со нив? Никогаш не сме одбиле“, рече рускиот претседател на економскиот форум во Владивосток.

Тој додаде дека, доколку има желба за преговори во Украина, Русија нема да одбие.

Сепак, како што подвлече, тие разговори треба да се засноваат на заклучоците од преговорите одржани пролетта 2022 година во Истанбул.

Рускиот претседател додаде дека освојувањето на Донбас во источна Украина е приоритет број еден за Русија и изјави дека руската армија ги потиснува украинските сили во областа Курск.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Русија лансираше над 40 проектили и 70 дронови за време на масовниот напад