Русија утрово изврши голем напад со проектили и беспилотни летала врз Украина, а експлозии се слушнаа во центарот на Киев, Харков, Одеса, Запорожје, Днепар и други украински градови.
Сирените за воздушен напад се огласија во 6 часот по локално време, јавува Киев Индипендент и наведува дека во Киев се слушнале силни експлозии нешто пред 8:30 часот, а неколку минути подоцна одекнале уште неколку детонации.
Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека дошло до прекин на електричната енергија во неколку делови на главниот град на Украина.
Експлозии се слушнаа и во Харков, Одеса, Виница, Запорожје, Кременчук, Днипро, Хмелницки, Криви Рих и Кропивницки.
Украинското воено воздухопловство објави дека биле активни 11 руски бомбардери, како и дека Русија лансирала бројни беспилотни летала камикази.