Исланд прогласи вонредна состојба

Сподели со своите пријатели

Во Исланд е прогласена вонредна состојба по ерупцијата на вулкан на полуостровот Рејкјанес.

Loading...

Неколку дена пред ерупцијата на вулканот, Исландската метеоролошка служба забележа зголемена сеизмичка активност и земјотреси на вулканскиот рид Сундхнукар, пишува Sky news.

Експертите наведуваат дека кај тој рид се појавила пукнатина со должина од околу 3,9 километри и дека за 40 минути се проширила за 1,5 километри.

Неодамнешните студии покажаа дека магмата се собира под земја, што предизвикува предупредувања за нова вулканска активност во областа јужно од Рејкјавик.

Блискиот град Гриндавик е практично напуштен од крајот на минатата година кога речиси 4.000 жители беа принудени да се евакуираат поради вулканската ерупција.

Властите изградија вештачки бариери за да ги пренасочат тековите на лавата подалеку од критичната инфраструктура, вклучувајќи ја електраната Сварценги, бањата на отворено Сина лагуна и градот Гриндавик.

Популарната геотермална бања Blue Lagoon беше затворена, додека областа Сварценги беше евакуирана. Во моментов, воздушниот сообраќај не е засегнат.

Вулканот на полуостровот Рејкјанес еруптираше синоќа по шести пат од декември, исфрлајќи лава.

Loading...

Ерупцијата започна нешто по 21 часот, по серијата силни земјотреси.