Луфтханза ја продолжи суспензијата на летови до Тел Авив, Техеран, Бејрут и Аман

Сподели со своите пријатели

Германската авиокомпанија Луфтханза денеска го продолжи прекинот на летовите кон Тел Авив, Техеран, Бејрут, Аман и Ербил до 26 август.

Loading...

Групата, која ги вклучува Swiss International Air Lines, Austrian Airlines и Eurowings, исто така ќе го избегнува иранскиот и ирачкиот воздушен простор поради стравот од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

Тензиите на Блискиот Исток се зголемија откако Иран се закани дека ќе му возврати на Израел затоа што го сметаше за одговорен за убиството на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије.