Општина Куманово меѓу најтранспарентните институции во Македонија

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово е на листата најдобри институции со активна транспарентност од 97,1% од можни 100%, според анализата на Центарот за граѓански комуникации.

Loading...

– Активната транспарентност на Општина Куманово во 2024 година изнесува 97,1 % (од можни 100 %) со што општината се наоѓа во групата институции со ’многу добра‘ активна транспарентност (исполнување на обврските од 80 % до 100 %). Со овие бодови, општината се наоѓа на 11-та позиција од вкупно 98 рангирани институции, велат креаторите на истражувањето.

Куманово, како што се додава во извештајот, петта година  по ред се наоѓа во најдобрата група институции со многу добра активна транспарентност подобрувајќи се секоја година од 2018 година наваму.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шпанскиот амбасадор во посета на Општина Куманово (ФОТО)

 

 

Со 42 од можни 100 отсто активна транспарентност, општината Старо Нагоричане се наоѓа во просечната категорија, односно на 96та од 98 институции.

 

Loading...

 

Општина Липково се наоѓа на 64та позиција со активна транспарентност од 75,4 отсто.

Индексот на активна транспарентност е всушност проактивното објавување информации од јавен карактер.

 

 

Во истражувањето се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини.

Loading...

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2024 година изнесува 80 % (од максимално можни 100 %) и во однос на лани е подобрена за 4 процентни поени (од 76 % на 80 %).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепал испитувач во сообраќајниот испитен центар

Активната транспарентност на министерствата и Владата изнесува 86 %, а на општините 79 %. Во однос на лани, кај министерствата нема напредок, а општините се подобриле за 5 процентни поени.

Од владините институции, максималните 100 % активна транспарентност годинава ги задржа само Министерството за одбрана, кое четврта година по ред ги објавува сите предвидени информации од активната транспарентност.

Владата падна од ланското прво место и 100 % на 40 место со 87 % активна транспарентност.

Никола Ивановски