Кинеските власти открија широко распространета корупција во индустријата за погребални услуги

Сподели со своите пријатели

Кинеските власти открија широко распространета корупција во индустријата за погребни услуги, објавија денеска државните медиуми, наведувајќи дека погребалните компании наплатувале незаконски такси и дека биле откриени нелегални гробишта.

Loading...

Истрагите открија измама во провинциите Анхуи, Гуангдонг, Џиангсу, Џиангкси, Џилин, Лиаонинг, Сечуан и Јунан, објави „Чајна дејли“, пренесе Ројтерс.

Откако почнаа истрагите на почетокот на годината, откриени се десетици случаи на корупција во компании, од кои многу имаат долгогодишно искуство.

Во Анхуи, Лиаонинг и Џилин е откриено дека се наплаќаат незаконски такси, како и дека биле изградени нелегални гробишта, пишува „Глобал тајмс“, весник на владејачката кинеска комунистичка партија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Албанес: Промената на Трамп во климатската политика би била од корист за нас

Во источната провинција Анхуи, истражителите го уапсија Џанг Ду, вработен во погребна служба во округот Панџи во градот Хуаинан, под „сомнение за сериозни прекршувања на дисциплината и законот“, соопшти локалната влада.

Во југозападната провинција Сечуан, во градот Дажоу, покрената е постапка против 89 лица, а шестмина од нив се приведени, пишува „China Daily“.

Властите во североисточниот дел на Џилин, исто така, ја зајакнаа својата борба против недоличното однесување и корупцијата во индустријата за погреби, како одговор на јавните поплаки, рекоа државниte медиуми, пренесува Танјуг.