Зеленски: Нападите на Курск се исправни, откако Русија оттаму ја нападна Украина

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина Владимир Зеленски изјави дека во текот на летото Русија од нејзиниот западен регион Курск извршила речиси 2.000 гранатирања врз регионот Суми во Украина, по што, како што нагласи, следел „фер“ украински одговор.

Loading...

– Артилерија, минофрлачи, беспилотни летала. Забележуваме и ракетни напади врз нас и секој таков напад заслужува соодветен одговор – им порача украинскиот лидер на Украинците, по украинските напади врз руската област Курск, пренесе Ројтерс.

Повеќе од 8.000 луѓе ги напуштија пограничните области на Курската област во изминатите 24 часа, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации на својот канал Телеграм.

Москва соопшти дека вооружените сили на Украина се обиделе да заземат делови од регионот Курск на 6 август, а началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, Валериј Герасимов, во средата изјави дека руската војска го запрела напредувањето на вооружените сили. Силите на Украина се подлабоко во регионот.

На федерално ниво во областа Курск беше воведена вонредна состојба по украинските напади.