Блинкен: Ескалациите на Блискиот Исток не се во интерес на ниту една страна

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во телефонски разговор со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече дека ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток не е „во интерес на ниту една страна“, притоа нагласувајќи ја потребата од прекин на огнот во Газа, соопшти утрово Стејт департментот.

Loading...

„Секретарот ја потврди посветеноста на Соединетите Американски Држави за безбедноста на Израел и разговараше за тоа како ескалацијата не е во интерес на ниту една страна“, се вели во соопштението, според Ројтерс, пренесува Танјуг.

Блинкен ја истакна итната потреба да се постигне прекин на огнот во Газа што ќе ги ослободи заложниците во Газа и ќе создаде услови за поширока регионална стабилност.

Ризикот од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток се зголеми по неодамнешните убиства на политичкиот водач на милитантната група Хамас, Исмаил Ханије, во Иран и на воениот командант на Хезболах, Фуад Шукр, во Бејрут.