Свадбена поворка оштетила возило во Куманово во кое имало две деца

Сподели со своите пријатели

Возач од Липково вчера бил физички нападнат пред очите на двете малолетни деца од гости на свадбена поворка во Куманово.

Loading...

– На 08.08.2024 во 17.50 часот во СВР Куманово, К.А.(34) од с.Матејче, општина Липково, пријавил дека околу 16.00 часот на улицата „11 Октомври“ во Куманово, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, неколку лица кои со возила биле дел од свадбена поворка, го оштетиле неговото патничко возило, во кое биле двете негови малолетни деца, по што се обиделе и физички да го нападнат, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од СВР Куманово велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен Косовец кој шверцал мигранти низ кумановско

Никола Ивановски