Абас: Појасот Газа мора да се стави под контрола на палестинските власти

Сподели со своите пријатели

Појасот Газа мора да биде ставен под контрола на легитимната палестинска управа, а плановите на Израел за привремена контрола на палестинската енклава се неприфатливи, изјави палестинскиот претседател Махмуд Абас за руската новинска агенција РИА во интервју објавено во вторникот.

Loading...

– Газа мора да се управува под покровителство на ПЛО (Организација за ослободување на Палестина) и легитимната палестинска влада – изјави Абас за РИА во интервју објавено на руски јазик.

– Ние сме силно против израелските планови кои предвидуваат некои привремени решенија – рече палестинскиот лидер.

РИА јави и дека Абас ќе ја посети Русија од 12 до 14 август, повикувајќи се на дипломатски извор, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел во недела гласа за забрана на истакнување на палестинското знаме