Политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије е убиен во Иран

Сподели со своите пријатели

Политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије е убиен во Техеран, објави во средата иранскиот државен медиум Прес ТВ, повикувајќи се на Корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), елитното крило на иранската војска.

Loading...

Официјален претставник на Хамас рече дека групата е „подготвена да плати различни цени“ откако нејзиниот политички лидер Исмаил Ханије беше убиен во Техеран.

„Ние сме ангажирани во отворена војна за ослободување на Ерусалим и подготвени сме да платиме различни цени“, рече Сами Абу Зухри, пренесе Си-Ен-Ен.

Израелската војска одби да го коментира убиството на Ханијe, додека Белата куќа соопшти дека се запознаени со извештаите за смртта на лидерот на Хамас.

Осуда на палестинскиот претседател

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го осуди убиството на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије, објави новинската агенција ВАФА.

„Претседателот на државата Палестина, Махмуд Абас остро го осуди убиството на шефот на движењето Хамас, големиот лидер Исмаил Ханије и го оцени како кукавички чин и опасен развој на настаните. Неговата екселенција ги повика масите и силите на нашиот народ да се обединат, да бидат трпеливи и непоколебливи пред израелската окупација“, соопшти ВАФА.

Генералниот секретар на Извршниот комитет на Организацијата за ослободување на Палестина Хусеин Ал Шеик исто така го осуди убиството во посебна изјава.

„Најостро го осудуваме атентатот на шефот на Политичкото биро, националниот лидер Исмаил Ханија. Сметаме дека тоа е кукавички чин, кој не турка да останеме постабилни пред окупаторот“, рече Абас.

Loading...