Кумановци го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово го нарушиле јавниот ред и мир, откако по претходна расправија, одлучиле физички да се пресметаат.

Loading...

– На 26.07.2024 во 18.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Куманово, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.З.(21) и Д.М.(24), двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, како што додаваат од МВР, ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски