Неверојатна куќа во карпа изградена пред 100 години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Необичната куќа се наоѓа во Италија, на планината Кристало, над познатата скијачка дестинација Кортина д’Ампецо.

Loading...

 

 

Изградена е пред повеќе од сто години, за време на Првата светска војна, а го добила името по полковник кој загинал во таа војна.

Има ѕидови од тули, наведнат покрив, четири прозорци, маса и столови. Што се однесува до опремата, со децении беше мистерија како градежните материјали и опремата биле донесени на овој непристапен терен во тоа време.

Се верува дека ја изградиле италијански војници, за да имаат засолниште за време на битките против Австро-Унгарија на тешкиот планински терен. Buffa di Perrero се користела за одмор, но и за чување работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Топењето на глечерите може да предизвика вулкански ерупции низ целиот свет

Се смета дека единствениот можен пристап во времето на изградбата бил преку скала од јаже или опасна патека до карпите.

Loading...

Денеска во карпата има обезбедена патека, која е означена како „многу тешка“, а оваа модерна обезбедена патека секако не постоела во времето на изградбата.

Откако со децении не беше ништо повеќе од атракција за авантуристи доволно вешти да ѝ пристапат, оваа куќа конечно беше реновирана во 2022 година и денес служи како планинско одморалиште.

Аранжманот беше огромен потфат. Во него учествуваа војници, алпинисти, стручњаци за изолација и столари кои извршуваа тешки работи на висина од речиси 3.000 метри.

Проектот за реновирање беше обележан со тешка пристапност. Материјалот бил носен со хеликоптери, кои превезувале и работници, а преку планината му приоѓале вешти алпинисти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова село се нарекува „Ромско Монако“: Го красат неверојатни палати (ВИДЕО)

Работата траеше две недели, а резултатот е уникатно планинско засолниште со неверојатен поглед на магичните италијански Доломити.