Симпатична баба е главната ѕвезда на вирално видео, снимено за време на роденденска забава.
Во нејзина чест, семејството подготви торта со импресивни 95 свеќи (бројката ја покажува нејзината возраст).
Прославата беше емотивна и исполнета со радост, но можеше да се претвори во катастрофа.
Видеото брзо стана вирално, собра повеќе од 900.000 прегледи, а авторот објаснува дека шест луѓе палеле свеќи во исто време, пренесува Lakalle Blue Radio.
mi abuela cumplio 95 años y a mi familia se le ocurrio poner 95 velas y nadie penso q capaz se iba a re prender fuego la torta y la abuela dksjsksjsk pic.twitter.com/JMr1PyguT5
— jabulani (@1924_2004) July 20, 2024
„Баба ми наполни 95 години и семејството дојде на идеја да ја украсат тортата на посебен начин. Никој не мислеше дека ќе се запали“, напишал авторот.
Реакциите на социјалните мрежи се мешавина од смеа и загриженост.
На крајот, ситуацијата беше решена без никакви проблеми.
Авторот објаснил дека колачот, иако покриен со восок, можел да се јаде.
🧘♀️🧘♀️🧘♀️ pic.twitter.com/WOPO9pZm9n
— jabulani (@1924_2004) July 20, 2024