Помошна просторија од викенд куќа, нива посеана со житни култури и родни дрвја, изгореа во пожар во кумановското село Речица.
Loading...
– На 18.07.2024 во 15.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Речица настанал пожар, при што била опожарена помошна просторија од викенд куќа, нива посеана со житна култура и родни дрвја, сопственост на З.С.(60) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Територијалната противпожарна единица Куманово го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.
Екипа од СВР Куманово извршила увид.
Никола Ивановски