Италија испраќа хуманитарна помош за жителите на Газа

Сподели со своите пријатели

Италија испрати авион со храна и медицинска опрема како хуманитарна помош за жителите на Газа како дел од иницијативата Храна за Газа од Рим.

Loading...

Авион за хуманитарна помош што полета од Бриндизи слета во Аман, Јордан, од каде материјалот ќе биде доставен во Газа, се вели во соопштението, пренесе Ројтерс.

Помошта вклучува 60 тони храна, хигиенска и санитарна опрема, како и 150 шатори.

– Со оваа операција јасно го покажуваме вниманието што италијанската влада го посветува на хуманитарната ситуација во Појасот Газа, изјави шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани.

Иницијативата Храна за Газа е предводена од Италија, заедно со Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), Светската програма за храна (WFP) и Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Италија во мај објави дека за таа Иницијатива ќе издвои 30 милиони евра.