Сите го виделе атентаторот на покривот, но зошто не и полицијата?

Сподели со своите пријатели

На видеото што се појави на социјалните мрежи, се гледаат неколку луѓе како наводно покажуваат кон Томас Метју Крукс (20), додека тој се качува на покривот на производствен погон на околу 130 метри од местото каде што Доналд Трамп зборуваше на митингот во Батлер, Пенсилванија.

Loading...

„Погледнете ги сите што покажуваат“, се слуша како вели едно лице, додека неколку луѓе покажуваат и гледаат во Крукс, кој лази околу покривот барајќи соодветна положба.

„Да, некој е горе на покривот“. Ене го“, „Тука, на покривот“, се дел од коментарите на луѓето од видеото.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се заканува откажување на Оскарите за прв пат во историјата

Може да се слушне и едно лице како вика „полицаец“, а други велат „тој е на покривот“ додека покажуваат кон напаѓачот.

Томас Метју Крукс, кој го изврши атентатот на Трамп, беше забележан на покривот 30 минути пред пукањето.

Полицаецот го забележал во 17:45 часот по локално време, а во 18:11 бил испукан првиот истрел.

Внатре во зградата имало тројца снајперисти од кои пукал Крукс – напаѓачот зазел позиција директно над нив, пишува CBS.

Наводно три пати се враќал на покривот: првиот пат за да го прегледа теренот, вториот пат со двоглед и третиот со ранец.

Loading...

Се претпоставува дека се качил низ клима уредите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Градоначалничката пиела коктели во амбасадата на Гана додека пожарот беснеел во Лос Анџелес