Невремето што предизвика торнада ги погоди Ајова, Илиноис и Индијана, оставајќи повеќе од 460.000 домови и бизниси без струја.
Loading...
Националната метеоролошка служба потврди дека торнадото паднало во Де Мојн, Ајова, а бурата потоа се преселила на исток во северниот дел на Илиноис, вклучувајќи го и Чикаго, каде што биле издадени повеќе предупредувања за торнадо, ветер и дожд, пренесува АП.
Речиси 390.000 домови останаа без струја само во северниот дел на Илиноис, се вели во извештајот.
Во Чикаго рано утринава беше издадено предупредување за поплави.
Невремето синоќа се пресели во Индијана и Мичиген, што предизвика дополнителни предупредувања, вклучително и повеќекратни предупредувања за торнадо за Индијана.